Физички напади, изнуда, тепачки….полицискиот билтен полн со немили настани од Охрид
21.07.12 14:38
Полицискиот билтен е преполн со немили настани кои во изминатото деноноќие се случиле во Охрид.
Синоќа во ПС-Охрид, 21 годишен охриѓанец пријавил дека околу 22,00 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на приклучокот за хотел „Инекс“, додека се движел со велосипед го пресретнало возило во кое имало две непознати лица. Возилото му го попречило патот и едното лице се упатило кон него, го фатило за врат и за рака и го легнало на земја, едната нога му ја ставило на грбот и од џебовите му ги извадило парите, клучевите и телефон, држејќи го така 10 минути. Нападнатиот пробал да стане, но лицето го држело и не му дозволувало се до доаѓање на полициски службеници. СВР-Охрид презема мерки за расчистување на случајот.
Во друг случај пијан охриѓанец откако предизвикал инцидент во пекара, физички нападнал униформиран полициски службеник, удирајќи го со тупаница во пределот на градниот кош, притоа спречувајќи го во превземање на законски мерки. Помош добил од уште едно лице кое ги спречувало полициските службеници да го приведат нарушителот на јавниот ред и мир. Со примена на сила двете лица биле совладани и приведени во полициска станица. Приведените при спроведивањето го оштетиле службеното возило, а еден од полициските службеници се здобил со повреди на градниот кош и надлактицата.
Рано утрово во ПС-Охрид, охриѓанец пријавил дека околу 03,50 часот на ул.„Партизанска“ бил вербално нападнат од едно лице кое потоа од џебот извадило нож и почнало да мафта, при што му го исекол левиот ракав од кошулата, по што си заминал. Напаѓачот бил приведен и задржан во ПС-Охрид, а кај него бил пронајден и ножот со кој бил извршен нападот.
Проблем со насилници имал и 44 годишен охриѓанец кој бил пресретнат од сограѓанин кој му забележал зошто го пријавува во полиција. Притоа извадил нож и со рачката го удрил во главата по што заминал во непознат правец. Напаѓачот бил пронајден и приведен во полициска станица, каде бил задржан.
На 15112025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во атарот на охридското село Свињишта било пукано од огнено оружје, при што еден проектил завршил во влезна врата од куќа, сопственост на...
Во периодот од 11-17 ноември 2025 г во организација на Црвениот крст на Северна Македонија и Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во Центарот за обука на Црвениот крст...
Пожарникарите од ТППЕ Охрид – Пожарна и ДПД Ентузијаст Охрид во соработка со претставници од покраината Тирол, Република Австрија, викендов реализираа успешна вежба во стариот дел на Охрид каде вла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.