Желбата да се биде физиотерапевт и љубовта кон професијата, младиот охриѓанец Стефан Довлев ја преточува во реалност започнувајќи сопствен бизнис преку кој ќе придонесе за подобрување на здравјето и квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Од денес во Охрид започна со работа физиотерапевтското студио „Физио Довлев“ на бул. „Туристичка“ бр. 55 (веднаш до пекарата „Зоби“) каде се нудат природни третмани, без апарати и лекови, за рехабилитација на мускулно-скелетниот систем и живот без болка и ограничување.

Како млад физиотерaпевт сметав дека градот и жителите на Охрид имаат потреба од едно вакво модерно и софистицирно студио кое ќе ги задоволи нивните потреби, вели дипломирниот физиотерапевт Стефан Довлев.

Потенцира дека ќе има индивидуален и професионален пристап кон секој еден клиент во насока на намалување на болката, зголемување на подвижноста и враќање на оптималната телесна функција.  Секој човек, посочува, има различна причина за болка, па и секој третман ќе биде прилагоден поединечно.

Со секој клиент се започнува со краток разговор и проценка на состојбата, се прави преглед на држењето на телото и движењата за да се види каде има напнатост или ограничување. Потоа следува работа со телото, опуштање на напнатите делови од телото, подобрување на движењето и намалување на болката, враќање на нормалната флексибилност и подвижност, намалување на грчевите, заморот, напнатоста, вели Довлев.

Во „Физио Довлев“, истакнува, се нудат и масажи за релаксација, класична масажа за опуштање и подобро чувство на телото, спортска масажа за лица кои се активни, масажа на врат, грб, рамена или нозе, како и масажа за подобрување на протокот и полесно движење.

Исто така, се нудат и вежби за зајакнување и подобра стабилност, вежби за истегнување и поголема подвижност, совети за правилно држење на телото, одење и седење. Дополнителни третмани се и терапија со ваккум чашки, капинг терапија за подобрување на протокот на крвта и опуштање на телото. Работа со помагала, топки, елестични ленти, ролери за активирање на телото. За децата кои се во раст и развој и имаат проблеми со искривување на ‘рбетот како сколиоза, кифоза, се нудат вежби за подобрување на држењето на телото и за нормален раст и развој, вели Довлев.

Како дипломиран физиотерапевт којшто воедно посетувал и стручни семинари, волонтирал во ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“-Охрид, истакнува дека ќе ги применува сите стекнати знаења и вештини за да им овозможи на клиентите да ги добијат потребните услуги.

Во иднина планира постепено проширување на дејноста со нови услуги кои ќе придонесат за подобрување на целокупната физичка состојба на клиентите.

Планирам воведување на дополнителни природни третмани, современи техники за релаксација и рехабилитација на телото, како и опрема што ќе ја надополни постојната понуда, додава Довлев.

Потребната услуга или третман во студио „Физио Довлев“ се добива преку закажување на термин на телефонскиот број 077 604 406 или лично во самите простории.

„Физио Довлев“ ќе работи од понеделник до петок во периодот од 9 до 16 часот, додека во сабота од 9 до 14 часот.

OhridNews/PR