Желбата да се биде физиотерапевт и љубовта кон професијата, младиот охриѓанец Стефан Довлев ја преточува во реалност започнувајќи сопствен бизнис преку кој ќе придонесе за подобрување на здравјето и квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Како млад физиотерaпевт сметав дека градот и жителите на Охрид имаат потреба од едно вакво модерно и софистицирно студио кое ќе ги задоволи нивните потреби, вели дипломирниот физиотерапевт Стефан Довлев.
Потенцира дека ќе има индивидуален и професионален пристап кон секој еден клиент во насока на намалување на болката, зголемување на подвижноста и враќање на оптималната телесна функција. Секој човек, посочува, има различна причина за болка, па и секој третман ќе биде прилагоден поединечно.
Со секој клиент се започнува со краток разговор и проценка на состојбата, се прави преглед на држењето на телото и движењата за да се види каде има напнатост или ограничување. Потоа следува работа со телото, опуштање на напнатите делови од телото, подобрување на движењето и намалување на болката, враќање на нормалната флексибилност и подвижност, намалување на грчевите, заморот, напнатоста, вели Довлев.

Исто така, се нудат и вежби за зајакнување и подобра стабилност, вежби за истегнување и поголема подвижност, совети за правилно држење на телото, одење и седење. Дополнителни третмани се и терапија со ваккум чашки, капинг терапија за подобрување на протокот на крвта и опуштање на телото. Работа со помагала, топки, елестични ленти, ролери за активирање на телото. За децата кои се во раст и развој и имаат проблеми со искривување на ‘рбетот како сколиоза, кифоза, се нудат вежби за подобрување на држењето на телото и за нормален раст и развој, вели Довлев.


Планирам воведување на дополнителни природни третмани, современи техники за релаксација и рехабилитација на телото, како и опрема што ќе ја надополни постојната понуда, додава Довлев.


OhridNews/PR



















