Фудбалскиот клуб Металург изнесе тешки обвинувања за судењето на натпреварот одигран со Напредок, наведувајќи дека можеби станува збор за одредена завера. Во соопштението до нашата редакција се вели:
“Сакаме да ја информираме македонската јавност дека на стадионот Железарница фудбалската публика беше сведок на едно срамно и тенденциозно судење со задни намери.
Главниот судија Александар Ставрев на натпреварот Металург-Напредок своето скандалозно судење го започна уште во втората минута, кога сосема непотребно го исклучи домашниот фудбалер Музафер Ејупи за безопасен старт на центарот на игралиштето.
Но, тоа како да не му беше доволно, продолжи со провокативното судење, со една цел да ги изиритира домашните фудбалери, со очигледна намера, чија позадина набргу ќе излезе на видело. До 28 минута тој додели уште два црвени картони за домашните играчи.
Дали ваквото судење им оди на рака на гласините кои последниве денови беа особено силни, дека наводно еден натпревар од македонското првенство е ставен во игра од меѓународната обложувачка мафија? Можеме само да претпоставуваме. Колку за илустрација, коефициентот за пораз на Металург беше исклучително висок.
За жал, со ваквата арбитража, Металург е ставен во незавидна ситуација, па како императив се поставува прашањето: Дали има смисла и натаму да се инвестира во македонскиот фудбал?
По ваквиот исход веќе од денеска Металург ќе бара одговор од највисоките инстанци на Фудбалската федерација, да ги преиспита сите негови чинители, и да гарантира регуларно првенство, инаку во друг случај натпреварувањето во ваква лига станува бесмислено.
За почеток бараме целосно изземање на судијата Ставрев, а ова барање ќе го доставиме и до ФФМ во писмена форма, се вели во соопштението на ФК Металруг.
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора У-18 Првиот дуел e денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, д...
Екипата на Охрид претрпе висок пораз во натпреварот од 5-то коло од Супер лигата Вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје Вардар убедливо славеше над Охрид 27:18, полувреме 14:6 Избраниците на ...
Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид, во ООУ Братство Единство Охрид,се одржа XI Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 кадети, за ученици...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.