“Рибарите“ ја забележаа дeветтата победа во деветтиот натпреар на домашен терен и со цврсти чекори газат кон Првата лига. ФК Охрид убедливо со 3-0 го совлада третопласираниот Тиквеш. Херој на “белите“ беше најдобриот стрелец во Втората лига И. Клечкароски кој на три пати го матираше Ефремов.

Избраниците на Ѓорески уште од првата минута почнаа да играат агресивно, жестоко наметнувајќи брзо темпо на игра. По приликите на Ф. Митрески и Велевески резултатот остана на почетните 0:0. Во тој период најубавата прилика за погодок ја имаше И. Клечаркоски но Ефремов одлично интревенираше.


На погодок се чекаше до 23-та минута кога И. Клечаркоски доби употреблива топка од Нически. Најдобриот напаѓач во првенството со дриблинг се ослободи од Димов, но тој играше недозволено рака, интернационалниот судија Спирскоски не се двоумеше покажа на белата точка. Сигурен реализатор е И. Клечакорски со помош на стативата.

Екипата на Тиквеш по примениот погодок остана грогирана на теренот па не се чекаше многу  охраѓани да го постигнат вториот гол, пак во режија на И. Клечароски. По една долга топка тој одлично се ослободи од двајца дефанзивци биеше силно Ефремов ја закачи топката но таа од пречката заврши во мрежата. До крајот на првиот дел Тиквеш сериозно се закани преку Пановски но Карамачоски остана присебен и ја скроти топката.


Во вториот дел од натпреварот темпото на игра значително опадна што им одеше во прилог на “рибарите“. Ф Митрески по украдената топка во средината теренот беше соборен од 25 метри од голот на Тиквеш. Задачата за изведување на слободниот удар ја презеде најдобриот поединец на теренот И. Клечакорски кој на крива нога го фати Ефремов за 3:0.

Со триумфот над Тиквеш, ФК Охрид 04 ја зголеми разликата пред конкуремтите на табелата од пет бодови.

Мх.П.