Управата, тренерот и фудбалерите на фудбалскиот клуб Фк Охрид 04` деновиве имаа средба со познати стопанственици, пријатели на клубот и јавни личности.

На средбата се разговараше  за состојбата на клубот, за проблемите и предизвиците кои ги очекуваат  до крајот на сезоната во која Охрид претендира да избори пласман во фудбалската елита.


Фк Охрид по одиграни 17 кола во Втората македонска фудбалска лига е лидер на табелата. Во 18-то коло “рибарите“ на свој терен го пречекуваат директниот конкурент за првото место, Тиквеш.

Натпеварот почнува во 15 часот.

Мх.П.