Охридската публика беше најсветлата точка на Ф.К. Охрид во супер дерби пресметката против 11 Октомври. Според очекувањата околу три илјади гледачи присуствуваа на единствената трибина на СРЦ “Атина Бојаџи“.


– Сакаме да искажеме огромна благодарност до сите охриѓани кои се одзваа на нашата покана и дојдоа на “спортски“ да го бодрат нашиот тим во дербито. Искрено жалиме што не успеавме да го добиеме мечот и на најдобар начин да им се “реваншираме“ за довербата. Одзивот на публиката во вака голем борј е дополнителен мотив за сите во клубот да продолжат со својата работа и да го одведат Охрид во Првата Лига – вели секретарот на клубот Милчо Ристески.


Охрид до крајот на првенството уште три пати ќе биде домаќин на “Атина Бојаџи“, ги пречекуваат Дрита, Новаци а во последното коло ќе играат против градскиот ривал Охрид Лоте.

М.П.