Комесарот за натпревари при Фудбалската Федерација на Македонија, Миле Спиркоски се одлучи да го помести тереминот на одигрување на мечот Влазними – Охрид кој во понеделник се игра во Прилеп. Така наместо стандардниот термин од 16 часот, мечот ќе се игра два часа порано во 14 часот.


– И на пладне да играме ќе победиме, нема ништо да не запре во нашата цел Охрид да го одведеме во Првата лига – велат од клубот, каде со нескриен оптмизам го очекуваат продолжението на лигата.

“Рибарите“  во преостанатите осум рунди влегуваат како првопласирани со бод пред 11 Октомври, односно пет пред третопласираниот Тиквеш.

Ohridnews