ФК Охрид по турбелетната недела, полека се врти кон новиот предизвик во прволигашкото друштво, гостувањето во “Чаир“ кај Работнички. “Рибарите“ по превземањето на кормилото од спрскиот стратег Драган Антиќ нанижаа три натпревари без пораз, две реми и еден триумф на гостувањето кај Турново.

  Многу добро го познавам Работнички, тие заедно со Вардар, Металург и Вардар се најквалитетните екипи во првата лига. Јас не се плашам од никоја екипа во лигата, физичката форма ја кренавме на повисоко ниво. Штета што изминатата недела имавме недоразбирање со упрвата и не трениривме, но на гостувањето кај Работнички одиме да изненадиме, па “што биде нека биде“ – истакна “шефот“ на “рибарите“, Антиќ.


Во екипата на ФК Охрид за мечот со Работнички ќе недостасуваат повредениот Карамачоски и суспендираниот Мартиноски а мечот на “штоперската“ позиција во тандем со Белица се очекува да го започне Љ. Митрески.

Имаме проблем со голманската позиција, нашата прва солуција Карамачоски е надвор од терените веќе две недели. Костуранов кој е повратник во екипата ќе го замени, мислам и треба да ги покаже своите квалитите – додаде српскиот тренер.


Дефанзивната линија на ФК Охрид како и целата екипа ќе биде на сериозен испит пред расположените “романтичари“ кои во минатото коло загубија од Ренова. Работнички  за натпреварот со “рибарите“ ќе биде засилен со двајца повремени репрезентативци Душан Савиќ и Фили Деспотовски.

Играме со една страшно добра и организирана екипа, не се предаваме пред мечот, ќе се бориме и мислам дека со ангажираност низ целиот тек на натпреварот ќе извлечеме поволен резултат – смета стандарниот бек на десната позиција, Велески.

Дуелот од 10-то коло помеѓу Работнички – Охрид е в сабота со почеток од 14 часот. 

Мх.П.