Во присутво на преседателот на ФФМ Харалмпие Хаџиристески  се одржа промоцијата на новиот вторлигаш ФК Охрид. Промоцијата мина скромно и без многу помпа.

Новите простории на ФК Охрид ќе бидат отворени за сите љубители на бубамарата ,каде може да се видат слики на играчи кои продефилирале во плаво – белиот дрес. Покрај сликите од самото формирање на клубот во далечната 1921 година ,потоа незабораниот натпревар со Борац Бања Лука во 1/16 финалето од титовиот куп, потоа гостувањето на Југословенската репрезентација на подготовките за сп 1982 во Шпанија ,првиот натпревар на „Спортски “против Славија Прага, како и екипата на Охрид која успешно се натпреваруваше по осамостојуваањето во Првата македонска фудбалска лига.


од подготовките на југословенската репрезентација на „Билјанини„ 1982 г.

На промоцијата преседателот на ФФМ им посака се најдобро на охриѓани, но и  постави  задача за Управата и градоначалникот

– Причинува огромно задоволство што сум присутен овде на промоцијата,посакувам охриѓани да стигнат и до Првата лига каде и им е местото. Приоритетна задача за Управата и градоначалникот ке биде да се обезбедат средства за што подоборо функционирање на клубот и што побрзо враќање во елитата –речи Хаџиристески на промоцијата .

СРЦ „Билјанини извори“ е изграден во седумдесетите години од минјатиот век од страна на тогачната ЈНА за потребите на армиските игри . Преседателот на ФФМ во Охрид вети реновирање на стадионот преку хет трик прогрмата:

 -Со хет трик програмта на УЕФА,  ФФМ  ќе обезбеди средства од 01,01,2008 година за реновирање на овој стадион.Во соработка со локалната која треба да изготви проект искрено се надевам дека ке го претвориме Охрид во вистинска спортска мека – заврши Хаџиристески 
   
На  крајот на промоцијата преседателот на ФК Охрид Сашо Алче им подари дресови на градоначалникот и преседателот . За градноачалникот дрес со број 4 во чест на неговиот покоен дедо Љубе Мариноски – Дрвото ,а на преседателот на ФФМ дрес со бр 2 бидејки по голманот тој бил најзаначаен играч!?.


Петрески 4, Хаџиристески 2

Во склоп на промоцијата се одигра и пријателски натпревар против екипата на Ренова кој го добија гостите со 2-0.

М. Постоловски