Генерацијата фудблери 95-96 на Фк Воска Јуниорс во наредните десетина дена ќе направи мини турнеја во Турција и Бугарија.

Поддржани од локалната самоуправа, предводени од својот ментор Агрон Мерко “петлињата“ ќе имаат можност да ги одмерат силите со своите врсници во овие две земји.

Во Истанбул ,Турција, договорени се средби со клубовите Галатасарај ,Истанбулспор и Аја Софија, додека во Софија ,Бугарија силите ќе ги одмерат со ЦСКА  и Елит.

Турнејата завршува на 15 Октомври .

М.Постоловски