Авиокомпаниите „Флај Дубаи“ и „Виз Ер“ до Агенцијата за цивилно воздухопловство поднеле барања за  сообраќање на нови авиолинии  од  аеродормите во Македонија.

Компанијата „ФлајДубаи“ побарала со летниот ред на летање да добие дополнителни две фреквенции, а нискотарифната „Виз ер“  да обавува летови од Скопје до Дубаи. Двете барања од страна на АЦВ се разгледуваат и наскоро се очекува позитивен одговор.


Пред почетокот на летната сезона, до АЦВ се очекува да бидат доставени барања од нови авиокомпании што би сакале да летаат до Македонија.

Во текот на минатата година од аеродромите во Македонија се регистрирани вкупно 906.871 патници, што претставува пораст од 8,7 проценти во однос на бројот на патници 2011 година.

OhridNews