Фолк фест Спасовден годинава ќе се одржи на 29-ти мај во Лескоец, охридско.

На четвртото издание на фестивалот ќе настапат 30 фолк изведувачи, меѓу кои Елена Велевска,Татјана Лазаревска, Сања Петковска,Тања Јовановска, Благојче Стојановски Туше, Ирена Спасовска, Новица Василевски, Маестрал, Елена Јовческа, Фаворити, Раина, Борче Наумовски, 
Благица Павловска и други.

Фестивалот е од ревијален карактер. Ќе бидат изведувани изворни народни песни, а половина ќе бидат новокомпонирани песни.

На фестивалот ќе настапат и интернационални изведувачи од Бугарија, Србија, Германија и Швајцарија.

OhridNews