Организатор на фестивалот е ансамблот за народни песни и ора “ Македонка” од Охрид кој и ќе го отвори фестивалот, а покрај него од Македонија ќе земат учество и ансамблите “ Плетенка” од Битола и “ Кочо Рацин” од Скопје.
– Целта е да се продолжи охридското лето и задржи вниманието на туристите со настап на квалитетни фолклорни ансамбли, вели Лотески Коста, член на “ Македонка”.
Првите две фестивалски вечери ќе се одвиваат на градскиот плоштад, додека пак на 27 август, на празникот Св. Богородица, ансамблите ќе имаат настап во Скребатно. Завршаната вечер ќе се одржи на 28 август на градскиот плоштад.
Предвидени се излети до Св. Наум и Струга, каде ансамблите- учесници на фестивалот ќе имаат можност да настапат пред гостите и посетителите на овие локации.
Во склоп на фестивалот предвидена е и ликовна колонија која се одржува по втор пат. Ќе земат учество десеттина ликовни уметнициод Европа кои ќе сликаат на различни локации низ градот. – Се надеваме дека по завршувањето на колонијата ќе имаме еден фонд на квалитетни слики кои ќе останат во фондот на ансамблот “ Македонка” и подоцна ќе бидат изложени, истакна охридскиот уметник Славко Упевче.
Меѓународниот фолклорен фестивал “ Охридско сонце” ќе трае до 31 август.