На сцената на Долни Сарај вчеравечер љубителите на фолклорот, традиционалните игри и ора уживаа во втората фестивалска вечер од 62-от Балкански фестивал на народни песни и игри.
Пред многубројната публиката се претставија со свои автентични танци фолклорните ансамбли од Словенија и Полска, додека од домашните настапи Ф.А. „Бели Мугри“ од Кочани.
Вечерва на програмата со почеток во 20.30 часот на сцената на Долни Сарај предвидени се настапи повторно на фолклорните ансамбли од Полска и Словенија, како и на КУД „Илинден“ од Битола.
Балканскиот фестивал ќе трае до 9-ти јули и е во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, а под покровителство на Собранието на РС Македонија.
OhridNews