Фолклорните ансамбли ,,Ваграм’’ од Австрија и и ,,Варна’’ од Бугарија вечерва ќе настапат во Охрид, во рамки на четвртата вечер од Балканскиот фестивал за народни песни и игри. Како и во претходните фестивалски вечери, концертот ќе се одржи на летната сцена Долни сарај со почеток во 21 часот.
Утре свој настап на фестивалот ќе имаат ансамблите ,,Подегродзие’’ од Полска и ,,Џидо’’ до Србија. Честа да го затвори фестивалот на 11 јули, ќе ја има ансамблот ,,Кочо Рацин” од Кичево, а во рамки на завршниот концерт, свои настапи ќе имаат и гостите од Полска, Австрија и Србија.
Инаку љубителите на фолклорот, народните песни и ора, вчеравечер имаа можност да ги проследат настапите на ансамблот ,,Измир’’ од Турција и ансамблот ,,Дримкол’’ од Вевчани.











