Во недела во Охрид ќе се одржи манифестацијата ,,Фолклорните смотри, западен регион“ во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија.

Дефилето по охридската чаршија започнува во 12 часот, а еден час подоцна односно во 13 часот, на Античкиот театар предвидени се сценски презентации на ансамблите учеснци.

Многу ми е мило што смотрата се одржува во Охрид на значаен датум за градот домаќин каде со песната и орото ќе допринесеме да ги збогатиме овие празнични денови. Станува збор за учество на вкупно 13 ансамбли или над 300 уметници кои ентузијастички пристапија кој овој проект, подготвија сериозна програма, а во соработка и со други чинители и помагатели длабоко сум убедена дека успешно ќе се реализира. Исклучителниот ентузијазам што го чувствуваат сите учесници, го пренесуваат и на мене како претседател на оваа асоцијација, а јас верувајќи во нивната долгогодишна работа целосно стојам зад сите нивни идеи и проекти со цел сите заедно да допринесеме за развој на фолклорната традиција во нашата земја, како и подигнување на квалитетот во фолклорот како наше значајно духовно културно наследство – изјави Проф.Д-р. Мирјана Мирчевска, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија во Скопје и претседател на СОФАМ.

На манифестацијата свои настапи ќе имаат ФА „Бисери“ – Охрид, ФА „Филиграни“ – Охрид, КУД „Дримкол“ – Вевчани, КУД „Илинден“ – Струга, КУД „Мислешево“ – Струга и уште многу други фолклорни ансамбли.

OhridNews