Сенатот на Универзитетот ФОН, донесе одлука за доделување на почесен докторат на Влатко Стефановски, во рамките на Факултетот за дизајн и мултимедија. Одлуката е донесена врз основа на фактот дека Влатко Стефановски е едно од најистакнатите амбасадори на македонската музика и култура во Европа и светот.
Неговиот богат музички опус, кој живее повеќе под 40 години е проткаен со виртуозни достигнување од рок-џез-енто популарната сцена, театарската и филмската музика, кои денес го носат епитетот на безвременски музички остварувања. Стефановски преку меѓународните соработки со врвни музичари од целиот свет, како и преку настапките со значајни големи оркестри со светско реноме веќе неколку децении ја промовира македонската култура во светот давајќи форма на највисоките вистински вредности на уметноста, потенцираат од ФОН.
Стефановски е иновативен музичар со визионерски пристап кој допира и ќе допира до многу генерации. Неговиот придонес во музиката може да се дефинира како бележник и идентификација на еден долг и значаен период на постоењето на Република Македонија.
OhridNews