Неодамна објавената рејтинг листа на универзитети во Македонија, изготвена според шангајските критериуми, не ја отсликува реалната состојба, тврдат од Универзитетот „ФОН“.

Оттаму велат дека располагаат со цврсти докази и кореспонденција со Шангајскиот универзитет, со кој се потврдува дека е извршено фалсификување на конечната рејтинг листа на универзитетит во Македонија и дека истите ќе ги објават денеска.

ФОН ја оспори рејтинг листата на универзитети веднаш откако таа беше објавена во јавност, но Министерството ги отфрли сите обвинувања со тврдење дека конечната листа е изготвена според критериумите на Шангајскиот универзитет. Од универзитетот Фон кој според официјалната листа е на 11 место, презентираа рангирање според кое оваа образобвна институција е на 4 место, додека од ресорното министерство тврдеа дека постои само една официјална листа која е важечка и таа е јавно објавена.

OhridNews