Актерката признава дека иако има 74 години, сфатила што сака и ја спознала вистинската интимност со својот партнер.

Актерката во интервју за едно британско списание открива дека нејзиниот сексуален живот во последните неколку години е подобар од секогаш. Актерката открила како да ужива со својот партнер.

– Кога пред две и пол години го оперирав коленото, ја пронајдов љубовта. Неговото име е Ричард, има 70 години и е музички продуцент – истакнува актерката.

-Единствено што никогаш не знаев е што е вистинската интимност, а сакав тоа да го почувствувам пред да умрам. Кога бев млада не знаев што навистина сакам – открива актерката која има три пропаднати бракови зад себе.

Била омажена за францускиот режисер Роџер Вадин, политичкиот активист Том Хајден и основачот на американската телевизиска мрежа CNN  Тед Тарнер.