Во рамки на своите активности, Фондацијата Македонско Наследство “Тодор Александров” оствари средба со Словенскиот амбасадор Проф.Др.Милан Јазбец.
“Ова е многу значајна средба на која се реафирмира соработката и пријателските односи помеѓу Македонија и Словенија. Ние како фондација ќе се потрудиме оваа соработка да се продлабочи на многу други полиња. Со неговата екселенција Амбасадорот Јазбец разменивне мислења и согледувања за унапредување на соработката на нашата фондација со слични фондации и институции во Словенија.“ – истакна извршниот директор на фондацијата Никола Митровиќ.
Тој информираше дека со словенечкиот амбасадор биле разгледани и конкретни насоки и планови за соработка во периодот што следи.
OhridNews













