доколку немаат таква можност, таа бесплатно ќе им биде поделена во подрачните служби.
Доколку овие граѓани не се регистрираат наново до предвидениот рок, тие можат тоа да го сторат и потоа, но ќе имаат прекин во здравственото осигурување, односно нема да добиваат сини картони додека не ја завршат оваа обврска. За таа цел, ФЗОМ апелира до локалните власти, невладините и верски заедници кои ги претставуваат одредени групи граѓани да ги контактираат раководителите на подрачните служби на Фондот за да се договорат со нив како полесно да се организира пререгистрацијата.
Новата пререгистрацијата се однесува на сите граѓани кои не се осигурени по ниеден друг основ. Граѓаните кои досега воопшто не се регистрирале, на назначените шалтери треба да достават комплетна документација за да може да добиваат сини картони, односно здравствена легитимација, фотокопија од лична карта и од извод на матична книга на родените и три обрасци (ЗО1 образец, ИОП изјава за остварени приходи и барање за електронска здравствена картичка) кои може да ги симнат од интернет страницата на Фондот www.fzo.org.mk.
Инаку, заклучно со 8.03.2012 од вкупно 221.130 граѓани кои треба да се пререгистрираат, оваа обврска ја завршиле 88.740 граѓани или вкупно 44.6 отсто.