Уште една сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Охрид Св. Стефан. Рано утрово околу 3 часот, 40 годишен битолчанец, со престој во Австралија, управувајќи патничко возило „Форд“ излетал од коловозот и удрил во електричен столб покрај патот. За среќа во несреќата нема повредени.

На местото на настанот увид извршила сообраќајната полиција, која работи на утврдување на причините за несреќата.
„Форд“ заврши во електричен столб кај Рача – нема повредени
OhridNews