Денес е формалното отворање на Набљудувачката мисија за избори испратена од страна на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, која ќе ги набљудува локалните избори кои ќе се одржат на 24 март во Република Македонија.

Се очекува амбасадорот Герт-Хајнрих Ахренс, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР да ги претстави улогата и активностите на мисијата. Набљудувачката мисија за изборите и Мисијата на ОБСЕ во Скопје функционираат независно, секоја согласно својот засебен мандат.

ОБСЕ ќе распореди 20 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи за мартовските локални избори во Македонија.