Општина Дебарца вчера формираше Локален економски совет, кој ќе се залага за зајакнување на економската стабилност во општината. Сoветот брои 15 члена, претставници на фирми кои работат на територијата на општина Дебарца од областа на индустријата, угостителството, транспортни претпријатија…

За претседател на Економскиот совет е избран Крсте Нелоски, директор на „Мелин ДООЕЛ“ с.Оровник. Членувањето во советот е доброволно, а целта е зајакнување на економските капацитети на општина Дебарца.

Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски, го поздрави формирањето на Локалниот економски совет. Водено тој најави намалување на фирмарината од 600 на 4000 денари и ги повика приватните стопанственици да отвораат фирми во општина Дебарца.

OhridNews