Претставници од културните институции во Охрид, од невладини организации, училишта, културно- уметнички друштва , медиуми, денес формираа неформална коалиција која ќе го подржи проектот за подготовка на стратегија за меѓукултурен дијалог помеѓу Охрид и Поградец.


Проектот се реализира од страна на Младински совет- Охрид, во партнерство со невладина организација од Поградец.


– Она што сакаме да направиме е едно масовно истражување со цел да ги согледаме проблемите и потребите по однос на интеркултурната соработка и дијалог, а понатака ќе следуваат чекори кои ќе доведат до подготовка на стратешкиот план кој ќе биде за период од три години, вели претседателот на МСО, Димче Каневче.


За реализација на проектот од МСО очекуваат подршка и од локалната самоуправа.

Т. К.