Во просториите на Хотел Дрим во Струга се одржа конференција на која во присуство на 50 делегати беше формирана Општинска организација на НСДП Струга, при што е избран нов извршен и надзорен одбор на организацијата.

За претседател на ОО на НСДП Струга едногласно беше избран Јован Танаскоски, а за секретар Бранко Јанкулоски еден од основачите на НСДП. На Конференцијата присуствуваше и претседателот на НСДП, Тито Петкоски.

Општинската организација на НСДП во Струга не функционираше од 2008 година.

OhridNews