Како што беше истакнато на средбата, идејата е да се формира едно тело кое претставува саморегулација на медиумите, се со цел јакнење на професионалните стандарди, квалитетот на содржините кои медиумите им ги пласираат на публиката. Во тој случај, освен постоечката законска регулатива во сферата на радио дифузијтаа, би се усвоил и поширок кодекс кој би се однесувал и на печатените и електронските медиуми. Саморегулаторните тела би биле формирани од три структури- од Здружение на новинари, Здружение на сопственици и од претставници на јавноста преку експерти- луѓе кои би ги претставувале граѓаните. Основната функција е да се одговара на поплаките од граѓаните упатени кон одредени содржини пласирани во медиумите. Поширокиот кодекс во однос на стандардите околу содржините, се очекува да биде потпишан од страна на сите основачи на Советот за печат, кој потоа е обврзувачки за нив.
Денешната трибина во Охрид е петта по ред низ градовите во земјава. Забелешките и сугестиите кои се изнесуваат на трибините ќе бидат искористени при реализацијата на идејата за формирањето на Советот на печат.