Во Охрид формирано здружение за локален активизам и развој „Прогрес 2012“, кое функционира согласно одредбите во законот за граѓани и фондации. Визијата на “Прогрес 2012” е имплементација и подем на граѓанското општество ,преку учеството на граѓаните  во донесувањето одлуки од јавен интерес и креирање и спроведување на јавната политика на локално  ниво .

– Бидејки само свесните  и одговорни граѓани водат кон одговорна власт, што е воедно и основа за одржливо и демократско граѓанско општество, го формиравме ова здружение. Нашата мисија е преку соработка со владините,невладините организации,бизнис секторот да се создаде плуралност и диверзитет,зошто само тоа води до најголема демократска придобивка-ангажирано,критичко и креативно граѓанство, вели Весна Јованоска-Претседател на Здружението за локален активизам и развој ПРОГРЕС 2012.

Дел од задачите на здружението се: да помага во развојот на демократијата и граѓанското општество во Охрид; развивање на добри односи меѓу младите без било каква национална ,расна, верска или друга националност,како и меѓусебна помош; едукација на населението  во сите сфери на општественото живеење,поттикување на иницијативни активности и реализација на проекти  кои придонесуваат за подобрување на животот на сите етички заедници во Охрид; унапредување на ранливите популации  и нивна интеграција во општествените процеси;организирање активности во правец на културна афирмација на градот како и преземање мерки за поголема туристичка промоција на Охрид и охридско.

Кон ова граѓанско здружение може да се приклучи  секој кој чувствува потреба да се промени  односно подобри целокупната општествена добробит.

Од здружението потенцираат дека во иднина ќе се проведуваат разни активности и ќе бидат реализирани многу проекти.

OhridNews