Италијанскиот добавувач на пневматици во Формула 1 се закани дека ќе го напушти првенството ако ФИА не го конципира планот за тестирање.


Првиот човек на Пирели, Пол Хембери изјави дека оваа компанија во моментов нема време за припрема на нови гуми кои се планираат за 2017 година. Пирели веќе го доби тендерот за набавувач со гуми од 2017 до 2019 година но се во очекување на официјална потврда на ФИА.

“Од нас се бараат одредени промени во однос на дизајнот на пневматиците. Промените кои се бараат за следната година се огромни и се инсистира тоа да го направиме. Проблемот е што тоа не може да се направи без тестови. Ова е од причина што ние без тестови неможиме да бидиме сигурни во резултатите. Некои тимови сакаат тестови некои не. А нас ни се битни резултатите. Ако се врши притисок да направиме промени на пневматиците без тестови, збогум Ф1.“ – изјави Хембери.

OhridNews