Луис Хамилтон или „малото симпатично црнче“ како што го нарекува ценетиот колега Миленко Неделковски, веќе не е сензација туку сериозен кандидат за шампионска титула во Ф1 уште во дебитанската сезона.

На денешната трка во САД, во Индианаполис, пилотот на Мекларен – мерцедес со супериорно возење ја оствари втората победа по ред во првенството (втора воопшто во кариерата) и се зацврсти на првото место на табелата (58 бодови).

Еден-два победа за Мекларен. Втор беше актуелниот шампион Фернандо Алонсо, а благо разочарување за Ферари – Маса трет, Раиконен четврти. Британскиот тим доминираше низ целиот викенд, Хамилтон имаше пол, а Фернандо Алонсо стартуваше втор.

Табела по седум трки:

1. Хамилтон   58
2. Алонсо       48
3. Маса           39

Следната трка е на 1. јули за Големата награда на Франција.