Во среда, со почеток од 12.00 часот во хотел Димитрие, наспроти охридксиот аеродром, во село Оровник, ќе се одржи четвртата форумска сесија на проектот Форуми на Заедниците, заеднички проект на Општина Струга -Општина Дебарца и Швајцарската развојна агенција.
Во рамки на проектот изработени се проектни концепти за најважните теми од сферата на управување со отпад. На сесијата ќе бидат презентирани пет проекти, а предвидена е и дискусија за нивно подобрување.
Средствата за финансирање на приоритетните проекти се обезбедени заеднички од проектните партнери .












