Кандидатот за градоначалник на Струга од ВМРО-ДПМНЕ, Славко Котески ја засилува водечката позиција, покажуваат резултатите од анкетата спроведена во Струга од страна на невладината организација Форум за млади. Дел од резултатите днеска ги соопшти претседателот на Форумот, Митко Јанкулоски.

„ Се забележува благ пораст на намерата да се излезе на гласање. Анкетата покажува релативно добра информираност за локалните проблеми и изразена критичност кон нив. Речиси подеднакво значење младите им даваат на инфраструктурните  проблеми, урбанизмот и образованието“, рече Јанкулоски.

Според него, висок проценти од анкетираните се изјасниле за присуство на корупција во локалната самоуправа, околу две третини од испитаните, а од нив, 66 проценти  корупцијата ја лоцирале во урбанистичката сфера.

„Половината од испитаниците се изјаснија дека  тој не ги носи одлуките самостојно, а  од нив, 62,5 проценти  сметаат дека  советот беше под директно влијание на градоначалникот“, подвлече Јанкулоски.

Како што беше соопштено на денешната прес-конференција, најголем дел од младите во Струга, 63, 1 проценти се изјаснија  дека ќе гласаат.

Ohridnews