Форумот на слободоумни патриоти ја повикува Владата на Република Македонија да го одложи потпишувањето на договорот за добрососедство со нашиот сосед Република Бугарија.

„За нас несфатливо е зошто договот се усвојува по итна постапка и зошто истиот не е ставен на јавна расправа и не се овозможи сите релевантни фактори да дадат забелешки за истиот. Свесни сме за деструктивното делување на врхушката и за нивните опструкции, но тоа не дава алиби за ваквата ваша постапка. Сакаме да ви укажеме дека овој договор не се однесува на владеачкото мнозинтво, напротив овој договор се однесува на Македонскиот народ и неговата историја.Според нас според е делот во кој како држава се откажуваме од нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Република Бугарија, а кои немаат Македонско државјанство (член 11, став 5). Притоа зачудува фактот дека овој став е едностран, односно нема иста таква обврска и за Република Бугарија која во неколку наврати грубо се мешаше во судски постапки кои не се однесуваат на нејзини државјани, а се декларираат како Бугари.“- стои во соопштението.

За Форумот на слободоумни патриоти, исто така, спорен е и делот во кој комисии ќе ја преиспитуваат историјата.

„Јавно прашуваме дали планирате од нашата историја да го избришите крвавиот настан во Ваташа или таа комисија ќе го забрани филмот “Трето полувреме”. Другите настани, кои и така се важни за Македонската историја и држава, нема да ги спомнуваме бидејќи не сакаме да го оптоваруваме ова соопштение. За нас формирањето на вакви комисии е спорно бидејќи нивното делување дополнително ќе ги оптовари и така отежнатите односи со нашиот сосед. Додека не е предоцна, одложете го потпишувањето на договорот и овозможете дебата во која ќе се произнесат сите засегнати страни.“ –  порачува Форумот на слободоумни патриоти.

OhridNews