Под мотото „Детската насмевка е повредна од највредното богатство“, Форумот на жени при СДСМ од Охрид вчера организираше хуманитарна акција по повод 20-ти ноември, Меѓународниот ден на детето.

Форумот со своите кулинарски специјалитети ги изложи на продажба пред своите сопартијци. Средствата собрани од хуманитарната акција ќе бидат наменети за деца кои живеат во семејства со тешка финансиска состојба.

-Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да потсетиме дека децата се ранлива категорија на општеството, а општеството е тоа кое треба да ја обезбеди нивната благосостојба. Свесни сме дека оваа наша хуманитарна акција не може да го промени нивниот живот, не може да ги реши нивните грижи, да ги оствари нивните неостварени детски соништа, но длабоко сме убедени дека набргу ќе се создадат услови децата даживеат во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправноста, ќе го спречи хаосот во здравството и образованието кој со години безмилосно беснее и удира по нашите најмили, велат од Форумот на жени од СДСМ.

Оттаму потенцираат дека  децата се нашето дело на кое најмногу се гордееме и тие треба да бидат нашиот поттик и стремеж да делуваме и да градиме подобра иднина.

OhridNews