Фудбалерите на Арсенал освоија многу важни три бодови во трката за пласман во ТОП 4 на табелата во англиската Премиер лигата совладувајќи го Ватфорд со минимални (1-0) на стадионот Викариџ Роуд.

Победата и бодовите на „топчиите“ им ги поклона голманот на домаќините Бен Фостер, кој направи кардинална грешка. Чуварот на мрежата долго време чекаше да ја избие топката, а кога се одлучи погреши и го погоди Пјер Обамејанг и топката ја затресе презната мрежа. Минута подоцна се случи нов пех за Ватфорд. Капитенот Трој Дини намерно со лакот го удри Лукас Тореира, а главниот судија оправдано му покажа црвен картон. Играта се разгоре, шанси имаше на двете страни, но киксот на Фостер го одлучи победникот.

Арсенал со триумфот се искачи на четвртата позиција и во добра форма ќе ги пречека последните пет рунди во Премиер лигата.

OhridNews