Лошите навики на возачите и агресивната узурпација на јавниот простор ги натера надлежните служби да преземаат “непопуларни мерки” за заштита на коловозите и тротоарите.
Деновиве извршено е обележување на сообраќајниот остров пред општинската зграда кој е заштитен со столпчиња.
Иако е забрането запирање и паркирање, овој простор постојано се користеше за “кратко” застанување, а често автомобили се паркираа и на пешачките премини во близина.
OhridNews














