„По масовно капење немало“, коментираат по малку на шега охриѓани за чествувањето на празникот Богојавление –  Водици, кое годинава се одржа во невообичаени услови, по релативно топло време за овој период од годината, проследено со силен јужен ветар.

Силината на ветрот и невремето кулминираа токму за време на церемонијата на осветување на езерските води и положувањето на чесниот крст од страна на митрополитот Тимотеј.

Разбрануваното Езеро ги искапи сите на градското пристаниште, и литиите, бројните делегации и политичарите, новинарските екипи, но и верниците кои го следеа настанот од брегот.

Невремето не ги спречи неколкуте стотини капачи да запливаат во немирните езерски води, а најсреќен меѓу нив беше 19 годишниот Васко Довлев од населбата Варош, кој прв доплива до крстот.

Фото галерија:

Југот ги искапи литиите, делегациите, новинарските екипи и верниците

OhridNews
Фото: Анамарија Момироска/ Емил Јовановиќ