Седмото издание на „Summer comedy marathon“ влегува во возбудлива завршница која ќе кулминира на 13 август на Долни сарај со големото финале на кое ќе настапат едни од најдобрите балкански стендап комичари, Срѓан Олман од Србија и Никола Тодороски Македонија.
Деветнаесеттата вечер, пак, го донесе соло шоуто на Зоран Донев „20 години панк џез“ – бунт и комедија спакувани во брутално искрен материјал. Вечерта ја отвори Јовче Цветкоски кој ја опушти публиката во најфестивалскиот бар во Охрид, по што следеше бескомпромисен настап на Зоки Донев кој на искрен начин ги раскажа 20-те години живот и работа во култниот Џез Инн.
Дваесеттата вечер на „Summer comedy marathon“ го носи третото издание на најексплозивното интерактивно шоу „NITRO 2 LIVE“. Никола Тодороски и Никола „Братучед“ Сиљаноски повторно на сцена – со нова енергија, нови импровизации и уште повеќе публика во акција.
„Summer comedy marathon“ оваа година високо ја подигна летвичката оправдувајќо го своето реноме за што говори фактот што 19 од досегашните шоуа беа целосно распродадени. Пред нас е големото финале на Долни сарај кое дефинитивно не смее да се пропушти. Влезници за шоуто на Сржан Олман и Никола Тодороски речиси и да нема, а преостанатите можат да се набават/резервираат онлајн на следниот на следниот ЛИНК или на добро познатото продажно место во охридската чаршија кај Аждер.
Г.М.