Членовите на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, вчера, реализираа акција за чистење на потегот од „Парк“ до каналот „Студенчишта“.
Собрана е поголема количина најразличен смет кој соодветно е одложен.
Вчерашната е уште една во низата активности на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ кој е исклучително активен како во Охрид, така и во земјата и надвор од неа. На неодамна завршената на волонтерската акција по повод земјотресот во Скопје клубот беше прогласен за најдобар на ниво на поранешна Југославија.
OhridNews