Осмото издание на интернационалниот фестивал на комедијата “Summer Comedy Marathon” започна вчеравечер со настап на еден од најбараните светски стенд-ап комичари – австралиецот Amos Gill, кој пред охридската публика го изведе своето наградувано шоу „The Pale, Stale, Straight White Male“.

Секогаш урнебесен, повеќекратно наградуваниот Amos Gill никогаш не отстапува кога треба остро да ги „боцне“ нелогичните размислувања и интелектуалната апатија која го бојадисува светот околу нас.

Ве очекува стендап вечер со црн хумор, остри шеги, непријатна смеа и комедија што оди таму каде што другите не сакаат ни да погледнат. Ова не е шоу за чувствителни души. Ова е вечер за публика што знае дека хуморот понекогаш боли — ама затоа најсилно се смее, велат организаторите.
Шоуто започнува ви 20 часот, а билетите се по цена од 400 денари и можат да се купат на hahaha.mk или да се резервираат на 075 283 066.
OhridNews
фото. А. Момироска



























