Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со лисици на рацете се упати кон судот во Њујорк по синоќешниот инцидент во кој беше замешан и кошаркарот на Атланта Хоукс.
Антиќ заедно со неговиот соиграч Табо Сефолоша биле дел од тепачката во која што биле прободени кошаркарот на Индијана Пејсерс, Крис Коупленд и неговата пријателка.
Двајцата играчи на Атланта ја попречувале полицијата да ја изврши својата работа на лице местото по што и двајцата беа приведени во локалната полициска станица.
Во најбрз можен рок судот во Њујорк ќе му изрече казни на сите замешани во тепачката, која ја разбранува македонската јавност поради учеството на Антиќ.
Ohridnews