Атлетико Мадрид во пресрет на дуелот со градскиот ривал Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу доби аткрактивно засилување. Се работи за преубавата глумица Шарлиз Терон која позираше со Ентони Гризман и Филипе Луиз во дрес од „јорганџиите“. Фудбалерите на Атлетико беа специјални гости на премиерата на новиот филм „Fate of the Furious“ во која една од главните улоги толкува токму Шарлиз Терон.
Големото мадридско дерби се игра денеска со почеток во 16 часот и 15 минути.
OhridNews