Кошаркарскиот клуб АВ Охрид го официјализираше договорот со Оливер Двојаковски кој после седум минати сезони во Шпанија се враќа во родната земја. 21-годишниот кошаркар не го криеше задоволството од шансата која ја доби од АВ Охрид да се натпреварува во македонскиот кошаркарски шампионат.

  • Најпрво да им се заблагодарам на сите луѓе во клубот за професионалноста, а потоа за шансата која ми ја пружија. Низ разговорите со челниците на клубот ми беше презентиран проектот кој многу ми се допадна и без размислување ја прифатив понудата. Од сега понатаму мене ми е редот да ги исполнам очекувањата и заедно да направиме добри работи сезоната која доаѓа. – изјави Двојаковски.

Тренерот на АВ Охрид, Петар Чочороски во името на Двојаковски доби опција за позицијата крило и високо крило. Младинскиот репрезентативец во Шпанија ги бранеше клупските бои на Севиља, Аликанте и Ла Коруња.

„Галебите“ со млади сили до иста цел во Првата лига !

OhridNews