Денеска Охрид беше преплавен од стотици автобуси, кои доаѓаа од сите краеви на земјава.
Почнувајќи од влезот на градот, па се до кружниот ток на пресекот со улицата „АСНОМ“, бројните автобуси мака мачеа да пронајдат место за паркирање, „окупирајќи“ го булеварот „Туристичка“.
Инаку, вечерва на градскиот плоштад, коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од владечката ВМРО-ДПМНЕ, ја започна изборната кампања со претставување на кандидатот за градоначалник на Охрид.
OhridNews