Со свеченост на која присуствуваа премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски,  други званичници, деловни партнери и гости, денеска, официјално во употреба беше ставена новата зграда на автобуската станица во Охрид, приватна инвестиција на комапнијата „Делфина турс“.

Охрид добива модерна автобуска станица што е од исклучителна важност како за охриѓани така и за туризмот, беше истакнато на свеченоста. Премиерот Заев рече дека владата и локалната самоуправа ќе ги поддржат сите проекти кои се од значење за пошироката заедница започнати во минатото и најави интензивирање на инфраструктурните проекти како што е доизградбата на автопатот Охрид – Кичево, но и изградба на нов и модерен пат од Ресен до Охрид.

„Делфина Турс“ во 2015 година на јавен оглас го купи земјиштето каде покрај автобуската станица, ќе гради и трговски центар. Почетокот на работите на новиот трговски центар го означија премиерот Заев, градоначалникот Стојаноски и сопственикот на „Делфина турс“ Аднан Исмаил, кој најави дека комплексот ќе биде целосно готов в година.

Г.М.