Речиси два и пол часа публиката уживаше во најновото издание на музичко забавната „Зимската бајка“, што се одржа синоќа во исполенатата голема сала на Центарот за култура.

Извонреден настап на спектаклот на годината во организација на OhridNews имаа актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – Two mother brothers, кои до солзи ја насмеаја публиката со длабоката сатира и пародија на секојдневниот живот кај нас.

Инспиративен настап имаше и познатиот стендап комичар Сашко Коцев, кој го продолжи „престојот“ на сцената на општо задоволство на публиката.

„Зимската бајка“ оваа година беше надополнета и со акустичниот настап на бендот на Ѓоко Танески кој изведе дел од своите популарни песни и познати хитови.

Бајковитото патување заврши во безвременските хитови во изведба на музичките уметници Емилија Маринова, Драган Василески – Пајо, Горан Папаз, Роберт Милески, Јане Тодороски и Филип Стојкоски – Зизи, кој беше изненаден од учесниците на шоуто со роденденска торта на сцената.

За беспрекорниот звук и декорацијата се погрижија „Лабино саунд“ и “Бела дизајн“, а настанот со фотографии и видео го документираше продукцијата “Love&Life” на познатиот охридски фотограф Емил Јовановиќ.

„Зимската бајка“ која оваа година е дел од манифестацијата „Од 20 до 20 сите во Охрид“ во организација на град Охрид, ја поддржаа Далвина и Горска и генералниот застапник и дистрибутер за регионот „АСП ПАК“, Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски, Виа фарм аптеки, Ресторан Виа Вевчани, ТА Вис Пој, Куба Либре, ресторан Св. Софија, Моби Петрол, Топ маркети, ресторан „Канео“, бутици Емили, печатница Летра, кафе и бар „Шила“ и општина Охрид. 

Традиционално и оваа година „Зимската бајка“ мина во знакот на хуманоста. Во холот на Центарот за култура Црвениот крст постави штанд на кој се продаваа рачно изработени производи во хуманитарни цели, а винаријата Далвина ја помогна акцијата за поддршка на лицата со оштетен вид на ЛК „Лихнидос“.

OhridNews