Иднината на италијанскиот репрезентативец Марио Балотели на Енфилд не му е баш светла, но тоа не е пречка за добро да се забавува контроверзниот фудбалер.
По доведувањето на Кристијан Бентеке, Балотели со сигурност ќе биде трета опција во нападот, нешто што не му се допаѓа на Италијанецот.
Англиските медиуми пишуваат дека избројани му се деновите на Балотели на Енфилд. За негова следна дестинација се споменува Сампдорија, а во игра се уште неколку калчолигаши.
Ohridnews