На градскиот плоштад, охриѓани и илјадниците туристи имаа можност да уживаат во мајсториите на најдобрите баскет играчи од Македонија и регинов. Турнирот, кој се одржува во рамките од FIBA Endorsed SATELLITE во организација на Македонската кошаркарска федерација понуди доста возбуда, многу борба и квалитетни средби, што може само баскетот да ги долови.

В недела, со почеток во 17 часот ќе започнат натпреварите од втората рунда, а вечерта ќе се одиграат финалните мечеви.

Најдобрата екипа на баскет турнирот во Охрид ќе добие награда во висина од 2 000 евра и билет за учество на сличен турнир во Словенија, а второпласираната „тројка“ ќе добие 1 000 евра.

OhridNews