Извонредниот хрватски музичар Масимо Савиќ, вечерва одржа прекрасен концерт на исполнетиот Антички театар, во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“ што ја организира локалната самоуправа.

Масимо рече дека е одушевен од амбиентот на Античкиот театар. Тој не заборави да го „опипа“ пулсот на расположената публика за неговата Хрватска која утрево недела во Москва го игра финалето на Светското првенство во фудбал против Франција, што измами долги аплаузи.

Присутните на Античкиот театар уживаа во извонредниот двочасовен настап во живо на Масимо и неговиот бенд. Тој изведе песни од неговиот богат репертоар меѓу кои: „Из једног погледа“, „Странац у ночи“, „Бичеш увек моја“… Публиката беше почестена и со инструментална верзија на изворната македонска песна „Со маки сум се родил(а)“.

ФОТО ГАЛЕРИЈА :

(за поголем формат кликни на фотографијата)

Концертот на Масимо Савиќ на Античкиот театар, што се одржа во организација на „Авалон продукција“, е најава за извонредните музички настани што ова лето следат во Охрид, кои ќе кулминираат во август со новото издание на фестивалот „Ohrid calling“, на кој ќе настапат светски познатите диџеи Димитри Вегас, Лајк Мајк и Армин Ван Бјурен. Како најава за овие настани вечерва се одржува манифестацијата Бела Ноќ, со која симболично се озанчува почетокот на туристичкиот шпиц во Охрид.

OhridNews
фото: Анамарија Момироска